Договорот за Пелегрини и Спинацола нема да биде единствениот помеѓу Јувентус и Рома

by
2 минути читање

Во Италија
пишуваат дека Јувентус и Рома ќе бидат инволвирани во повеќе договори освен
оној кој веќе се реализираше, а се однесува на трампата со Лука Пелегрини кој
го облече дресот на Старата дама, а Леонардо Спинацола на Римската волчица.

Рома го договори
трансферот на Спинацола за 29,5 милиони евра, а во Торино замина Пелегрини
за чии услуги Јувентус плати 22 милиони евра, „Калчомеркато“
извести дека двата клуба се на прагот до нов договор.

Италијанскиот
медиум пишува дека Гонзало Игуаин котира мошне високо на листата на желби во
тимот од Рим, а Рома веќе понудила да го доведе на позајмица во своите редови
со надоместок од 12 милиони евра.

Платата на
аргентинскиот напаѓач секако е проблем, Рома нуди 5 милиони евра од
сезона, а Игуаин моментално заработува три милиони повеќе од претходно
наведената сума.

Николо Ѕаниоло
исто така се споменува, Рома веќе одби 35 милиони евра од Јувентус за младиот
фудбалер, меѓутоа преговорите помеѓу обата клуба продолжуваат, третото име кое
се споменува е Кристијан Ромеро, кој се наведува како идеален наследник на
Манолас во одбраната на Рома, откако Гркот се пресели во Наполи.

Јувентус посакува
да го купи дефанзивецот на Џенова и според информациите од Италија е близу до постигнување договор, а планот на Старата дама е веднаш потоа да
го испрати на позајмица во Рома со опција за целосно откупување на неговиот
договор за 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани