Договорот на Суарез со Барселона истекува идната година, но една клаузула нуди можност за дополнителна година

by
1 минути читање

Луис Суарез
продолжува со рехабилитационата фаза откако се здоби со повреда поради која
мораше да биде положен на операција, а Уругваецот се повреди за време на
шпанскиот Суперкуп минатиот месец.

Во меѓувреме, 33
годишниот напаѓач во интервју за „РАЦ1“ откри и една клаузула во договорот со
Барселона, според која се отвора можност тој да добие дополнителни 12 месеци
престој на „Камп Ноу“, ако се земе во предвид дека актуелниот договор на Уругваецот
со Каталонците истекува идната година.

Идната сезона,
доколку јас одиграм 60% од натпреварите за кои сум во можност да го сторам тоа,
мојот договор автоматски се продолжува
“ рече напаѓачот на Барселона.

Суарез ќе биде
вон комбинација за настап во дресот на Барселона дури четири месеци, а паузата
за него почна од минатиот месец, меѓутоа искусниот напаѓач работи напорно за да
се врати порано од предвиденото за да забележи настапи пред крајот на
актуелната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×