Договорен е трансферот на Тео Ернандез!

by Стефан
1 минути читање

Францускиот репрезентативец Тео Ернандез и официјално ја завршува својата епизода во Милан и од следната сезона ќе настапува во дресот на саудискиот Ал Хилал, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо со своето препознатливо „here we go“.

Според информациите, Милан и Ал Хилал се договориле за трансфер вреден 25 милиони евра, а личните услови на договорот меѓу фудбалерот и новиот клуб засега не се објавени.

Ернандез така ќе си замине од Милан по шест години откако пристигна во 2019 од редовите на Реал Мадрид. За време на својот престој во Милано, се наметна како еден од најдобрите леви бекови во Серија А.

Претходно во кариерата беше дел и од Атлетико Мадрид, Алавес и Реал Сосиедад, а во новата средина ќе има прилика да соработува со Симоне Инзаги стратегот кој до неодамна беше на клупата на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×