Одличниот португалски фудбалер Жоао Кансело во јануари ќе се врати во Италија, каде што ќе го облече дресот на Интер, актуелниот лидер во Серија А. Триесет и едногодишниот Кансело е отпишан во саудискиот Ал-Хилал, каде што тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета на неговите услуги, а Интер брзо реагираше и во моментов е во завршна фаза од преговорите за ангажман на искусниот бек.
На „нероазурите“ им е неопходно засилување во одбраната поради повредата на Дамфрис, поради што Кансело ќе пристигне на позајмица и ќе настапува на стадионот „Џузепе Меаца“.
Според пишувањата на Газета дело Спорт“, за наредните шест месеци од позајмицата Интер ќе треба да исплати околу три милиони евра нето плата за Кансело, додека поголемиот дел од неговите примања ќе продолжи да ги покриваат Саудијците, кои ќе исплатат преостанати 4,5 милиони евра.
Кансело и претходно го носеше дресот на Интер, а во својата богата кариера настапуваше и за Јувентус, Манчестер сити, Барселона, Баерн Минхен, Валенсија и Бенфика.