Договор е постигнат, се чека потпис – Зидан до 2020 во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Доколку им се
верува на шпанските медиуми, постигнат е договор помеѓу Зидан и претседателот
на клубот Флорентино Перез, и покрај тоа што на големо се пишуваше дека
односите меѓу нив двајца не се најдобри.

Актуелниот
договор на Французинот истекува наредната година, а како што стојат работите, неофицијално
Зидан прифатил продолжување на соработката до 2020. година.

Не се познати
деталите околу договорот, а моменталната заработка на популарниот Зизу на
клупата на Реал Мадрид изнесува околу 6 милиони евра годишно, интересно е тоа
што во самиот договор постои клаузула која му гарантира двојни примања при евентуално
освојување на Лигата на шампионите.

Тоа значи дека со
победата над Атлетико минатата сезона во големото финале од Лигата на шампионите,
заработил 13 милиони евра.

Зидан повторно би
можел да го повтори успехот, овој пат во претстојната финална пресметка од најсилното
европско клупско натпреварување, против италијанскиот шампион Јувентус, со
евентуален трофеј би заработил вкупно 26 милиони евра сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани