Додека Звезда беше на пауза, еден нејзин фудбалер мораше во војска

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Црвена Звезда, Јунг Ву Сеол претходниот месец беше на служење воен рок во Јужна Кореја.

Од редовите на белградскиот клуб немаше официјална информација дека играчот заминал во татковината. Сеол е на обука од средината на декември, а на екипата ќе ѝ се приклучи претстојната недела, на подготовките во Анталија.

Тој добил помилување кога станува збор за редовниот воен рок во Јужна Кореја поради освоениот медал на Азиските игри, но сепак морал да ја помине основната обука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани