Eкипата на Барселона има само уште неколку дена за регистрација на Дани Олмо за вториот дел од сезоната.
Датумот до кој мораат да пронајдат начин и средства за регистрација на 26-годишниот фудбалер е до крајот на годината во спротивно Олмо од 1 јануари би бил слободен да се пресели во друг клуб.
Додека се чека расплетот на ситуацијата Олмо порача дека никогаш не се двоумел кога пристигнала понудата од Барселона.
„Беше ова посебна година за мене, но тоа е само почеток. Чувствувам дека имам уште толку многу да дадам. Сакам титули со Барселона и со Шпанија. Не размислував многу кога се појави Барселона. Тука ми е семејството и пријателите, беше сон кој стана реалност“, изјави Олмо.
Ќе потсетиме, Барселона за трансферот на Олмо на Лајпциг му исплати сума од 55 милиони евра.