Додека се чекаат Де Лихт и Јоро, Манчестер јунајтед му даде нов договор на Џони Еванс

by bojan
2 минути читање
Еванс

„Ѓаволите“ попладнево соопштија дека ја обновиле соработката со Џони Еванс, искусниот дефанзивец доби нов едногодишен договор.

Манчестер јунајтед работи активно на трансфер пазарот, особено кога е во прашање дефанзивата.

Лил им ја прифати понудата вредна 50+ милиони евра за талентираниот Лени Јоро, додека пак е постигнат договор со Матајс де Лихт и сега се водат преговори со Баерн Минхен за висината на трансферот.

Исто така, до Евертон беа испратени две понуди за ангажман на Џарад Брантвајт, но „карамелите“ ги одбија и бараат повеќе пари.

И додека се чекаат вести за тоа кој се ќе пристигне на Олд Трафорд ова лето, „ѓаволите“ попладнево соопштија дека ја обновиле соработката со Џони Еванс.

Искусниот дефанзивец, кој се врати во Манчестер јунајтед минатото лето, доби нов едногодишен договор.

„Задоволен сум што го обновив договорот со Манчестер јунајтед на уште една сезона. Привилегија е да се игра за овој голем клуб и пред овие неверојатни навивачи. Чест ми беше што минатата сезона се вратив, што ги бранев боите на клубот заедно со фантастични соиграчи и под водство на одличен тренер. Триумфот во ФА Купот беше незаборавно искуство. Знам дека оваа сезона ќе можеме да се бориме за повеќе трофеи“ – рече 36 годишниот Џони Еванс.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани