„Росонерите“
прават реконструкција на нападот, каде само местото на Криштоф Пјонтек е
сигурно. Патрик Кутроне е во преговори со Вулверхемптон, Андре Силва беше на
чекор до Монако но зделката пропадна во последен момент, а лидерите на клубот
се подготвени да се разделат и со Сусо и Кастиљехо доколку пристигне примамлива
понуда.
Анхел Кореа од
Атлетико Мадрид се најавува како големо засилување, но во меѓувреме е договорен
уште еден напаѓач.
Неколку извори од
Франција вечерва пренесоа дека Милан си подал рака со Лил за ангажман на Рафаел
Леао. Л’Екип и Радио Монте Карло објавија дека младиот Португалец на Сан Сиро
треба да пристигне за 35 милиони евра. Лил исто така ќе добие и
голем процет (се шпекулира за 20%) од следната продажба на играчот.
Како дел од
зделката, Милан на Лил ќе му го продаде младиот дефанзивец Тиаго Џало за 5
милиони евра.