Додека многумина го фалат, Марота критикува: Трансферот на Модриќ е доказ дека Серија А губи вредност

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, на прес-конференција одржана во Милано изрази загриженост за иднината на италијанската Серија А, потенцирајќи дека првенството постепено ја губи својата вредност.

Како пример го посочи доаѓањето на Лука Модриќ во Милан, иако хрватскиот ветеран и на 40 години бележи одлични настапи.

„Серија А ја загуби вредност. Модриќ е шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст. Тоа е доказ дека лигата ја губи вредноста“, нагласи Марота.

Тој зборуваше за условите за игра во Италија, велејќи дека е крајно време да се инвестира во модернизација на стадионите кои, според него, заостануваат зад европските стандарди.

Фото: AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×