Додека играше за Романија против Украина, неговиот клуб го продаде во Катар!

by bojan
1 минути читање
Романија, Коман

Сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали откри дека Ал Духаил од Катар ја активирал откупната клаузула на Флоринел Коман, офанзивниот фудбалер по Европското првенство ќе напррави трансфер во Катар.

Романија денеска ја изненади Украина и ја забележа само втората победа на Европските првенства, прва по 24 години.

Славјето е големо, а еден фудбалер има причина плус за радост. Офанзивецот Флоринел Коман ќе направи трансфер.

„Денеска беше последниот натпревар на Форинел во националниот тим како играч на Стеауа. Ал Духаил ја плати откупната клаузула. Мислам дека и парите веќе пристигнаа. Ако не пристигнат денес, тогаш утре сигурно/ Не можев да побарам повеќе, Арапите ја платија неговата откупна клаузула. Сигурно сега ќе му порасне цената со настапот на Европското првенство, но тоа е што е. Клаузулата е платена и јас останува без Коман“ – изјави сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани