Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Кристал Палас си подал рака со Тотнем за трансфер на Бренан Џонсон во зделка вредна околу 35 милиони фунти, рекордна за популарните „орли“.
Најголемиот дел од клубовите немаат пари за инвестиции во зимскиот преоден рок, но Кристал Палас уште еднаш покажува дека никој не може да се носи со моќта на Премиерлигата.
Неколку извори објавија дека популарните „орли“ си подале рака со Тотнем за трансфер на Бренан Џонсон.
Зделката е вредна околу 35 милиони фунти, односно најскапиот трансфер во историјата на Кристал Палас.
Останува сега клубот од „Селхрст Парк“ да го убеди офанзивниот фудбалер да го промени клубот.
Борнмут и Евертон исто така се интересираат за Бренан Џонсон, кој падна во втор план кај новиот тренер на Тотнем.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur