Додека Дембеле ја чекаше „Златната топка“, ПСЖ првпат загуби сезонава!

by Стефан
1 минути читање

Во вечерта кога Осман Дембеле ја доби „Златната топка“ фудбалерите на ПСЖ го доживеаа првиот пораз сезонава, откако во дербито од 5. коло на француското првенство загубија на гостувањето кај Марсеј со 1:0.

Домашниот тим го отвори мечот одлично и поведе уште во петтата минута преку Најеф Агеред. Иако европскиот шампион потоа имаше поголем посед и повеќе удари кон голот, одбраната на Марсеј успеа да издржи.

Пред крајот на натпреварот поради бурни реакции беше исклучен тренерот на Марсеј Роберто де Зерби.

За Марсеј ова беше трет триумф сезонава, со што тимот се искачи на шестата позиција на табелата. ПСЖ, пак, со 12 освоени бодови го дели второто место заедно со лидерот Монако, како и со Лион и Стразбур, кои се на третата и четвртата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×