Додека Дани Алвеш прави тајна венчавка со шпански модел, неговата поранешна сопруга му договара трансфер во ПСЖ и Сити

by
1 минути читање

Дани Алвеш ова лето треба да донесе неколку важни одлуки, како на приватен така и на професионален план.

Првата ја донесе вчера, Бразилецот на Ибица имаше тајна венчавка со 23 годишниот шпански модел, Јоана Санц.

Втората одлука е поврзана со неговата фудбалска иднина.

Десниот бек ја прекина соработката со Јувентус, и сега се поврзува со трансфер во Манчестер Сити и ПСЖ.

Интересно е тоа што преговорите со гигантите од Франција и Англија ги води токму неговата поранешна сопруга, Динора Сантана дa Силва.

За разлика од поголемиот дел разведени сопружници, Дани Алвеш и Динора Сантата да Силва се во добри односи откако се разделија во 2011.

Таа често знае да го посети за да се осигура дека се придржува до диетата или пак да го провери како се опоравува од повреда.

Покрај тоа што Сантана да Силва се грижи за кариерата на десниот бек, двајцата исто така се и бизнис партнери и заедно посеудуваат пет компании.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани