Додека чекаат вести за Бонучи, Милан го договори осмото засилување!

by
2 минути читање

Последните 24
часа во Италија топ тема е сензационалниот трансфер на Леонардо Бонучи на Сан
Сиро.

Попладнево се
појавија стории кои велеа дека дефазивецот уште вечер ќе потпише за Милан, но
очигледно за реализација на една ваква голема зделка ќе бидат потребни неколку
дена.

И додека сите
фанови нестрпливо ја чекаат разврската, „Росонерите“ го договорија осмото
засилување.

Се работи за
Лукас Биља од Лацио, кој често се поварзуваше со преселба во Милан изминатиов
период.

Медиумите од
Италија велат дека двата клуба конечни пронашле заеднички јазик и се се
завршило по еден телефонски повик помеѓу Марко Фасоне и неговиот колега од
Лацио, Клаудио Лотито.

Двете страни се
договориле за трансфер вреден 17 милиони евра, плус уште додатни 3 милиони во
бонуси.

„Да, се е
договорено со Милан. Биља е многу среќен со овој трансфер
– вели агентот на играчот.

„Утре ќе
пристигне во Милано, со нетрпение чека да ја започне новата авантура
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани