Додека Баерн Минхен се мисли, Вирц преговара со англиски гигант!

by riste
1 минути читање

На Баерн Минхен му е многу да ја плати бараната сума на Леверкузен за Вирц која изнесува 150 милиони евра, па Баварците размислуваат како да ја намалат.

Во меѓувреме информациите на „Кикер“ велат дека Манчестер Сити почнал преговори со претставници на Вирц откако добиле согласност од Леверкузен за контакт со фудбалерот.

Пеп Гвардиола лично бил вклучен во преговорите и се обидува да го убеди Германецот дека тие се вистинското место за него.

Прифаќањето на Вирц да преговара со Манчестер Сити значи дека уште не донел конечна одлука за неговиот следен клуб.

Наводно, Манчестер Сити е подготвен да ја плати сумата од 150 милиони евра која ја бара Леверкузен.

За разлика од „граѓаните“, таа сума за Баерн е превисока, па додека тие бараат начин како да дојдат до услугите на Вирц, тој може да потпише за друг клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×