Саул Њигес и
Марко Асенсио се играчите кои најмногу покажаа до овој момент на
Европското првенство за играчи до 21 година.
Фудбалерот на
Атлетико Мадрид веќе добро е познат на фудбалската јавност, и веројатно
неговите игри не се изненадување.
Но затоа пак во
фокусот повеќе е Марко Асенсио, кој оваа сезона дебитираше за Реал Мадрид.
Асенсио беше
незадржлив против Македонија и постигна хет-три, а вчера против Португалија тој
одново покажа дел од својот раскошен талент.
Шпанецот кон
финишот на средбата покажа фудбалска магија и одлична визија, па со додавања
„ала Роналдињо“, без да гледа, ја отвори одбраната на Португалија и му намести
гол шанса на Денис Суарез.
Фудбалерот на
Барселона шутираше покрај голот, па за жал ова нема да биде една од најдобрите
акции во Полска.