Добро упатен извор открива: Пет клубови се распрашуваат за Елиф Елмас, Наполи одби понуда вредна 25 милиони евра

by
1 минути читање

Медиумите од
Португалија објавија дека Елиф Елмас е топ приоритет на Бенфика, „орлите“
сакаат во јануари да се засилат со Македонецот.

Од Италија сега
пристигнува информација дека уште неколку клубови тропнале на вратата на
Наполи. Била испратена и понуда од 25 милиони евра, но Наполи не сака да слушне
за продажба.

„Елмас во
Бенфика? Добро му оди во Наполи. Но Бенфика не е единствениот клуб кој се
распрашува, постои интерес од Биелса и Лидс, Борусија Дортмунд, Борусија
Менхенгладбах и РБ Лајпциг. Пристигна и понуда од 25 милиони евра“
– вели новинарот
Чиро Венерато во разговор со Радио Кис Кис.

Трансфер експертот
на Раи потоа додаде: „Спортскиот директор (Џинтоли) им одговори: „Не
преговараме за Елмас, тој е иднината на клубот, веруваме во него па нема да го
продадеме“. Наполи ќе оствареше убава капитална добивка, откако платија 16 милиони евра и поминаа две години амортизација, но и Џинтоли и Де Лаурентис
кажаа НЕ, двајцата очекуваат големи работи од момчето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×