Добрите партии за Челси му донесоа нов репрезентативен повик од Тухел

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Англија, Томас Тухел, направи промена во списокот за ноемвриските квалификациски натпревари и накнадно го повика фудбалерот на Челзи, Тревор Чалоба.

Повикот следува по повредата на дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Геи, кој се повреди на натпреварот од Лигата на конференции против АЗ Алкмар. Геи ќе мора да паузира, па Тухел реши неговото место да го пополни со играчот на „сините“ од Лондон.

Чалоба оваа сезона настапи на повеќето натпревари за Челзи и пропушти само четири меча, а за репрезентацијата на Англија дебитираше против Сенегал.

„Гордиот Албион“ веќе има обезбедено пласман на Светското првенство, бидејќи по шест одиграни кола има исто толку победи. Aнглија во седмото коло ја пречекува Србија на „Вембли“, а потоа ќе игра против Албанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×