Добрите партии со Мароко на мундијалот му ја кренаа цената до „плафон“, Лестер нуди 45 милиони за Унахи

by
1 минути читање

22 годишниот Азедин Унахи пред Светското првенство сигурно не беше во бележниците на големите клубови, беше непознат и за селекторот на Шпанија, Луис Енрике кој го ослови како „осумката од Мароко“.

Но со одличните настапи на мундијалот, фудбалерот од средниот ред предизвика голем интерес.

Вчера се појавија гласини кои велеа дека Барселона го идентификувала Азедин Унахи како едно од потенцијалните засилувања во зимскиот преоден рок.

Денешното издание на Л’Екип пак вели дека Лестер сериозно загризал за потписот на Азедин Унахи и „лисиците“ се подготвени да платат дури 45 милиони евра за да го донесат во своите редови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани