Новото натпреварување под капата на УЕФА насловено како
Лига на нации ќе стартува идната година во септември, а Европската куќа на
фудбалот денес обелодени како сето тоа ќе изгледа.
Учество ќе земат европските репрезентации кои инаку
учествуваат во квалификациите за Европските и Светските првенства, што значи
дека во трката влегуваат 55 селекции поделени во четири групи.
По крајот на европските квалификации за Светското
првенство кое идната година се одржува во Русија, УЕФА го откри распоредот на
националните тимови.
Нашата најдобра фудбалска репрезентација освои 12 бода во
квалификациите кои веќе изминаа, а добрите игри во последниот период нам ни
донесоа статус на носител за ждребката која на 24 јануари е предвидена да се
одржи во Лозана.
Македонија се најде во првиот шешир на лигата „Д“,
практично е помеѓу носителите во оваа група заедно со Азербејџан кој е пред
нас, а после нас во групата на носители следат Белорусија и Грузија.
Втората група ја сочинуваат Ерменија, Латвија, Фарските
Острови и Луксембург, во третата се најдоа Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и
Малта, додека пак четвртата ја сочинуваат Андора, Косово, Сан Марино и
Гибралтар.
Форматот на натпреварување вели дека нашата
репрезентација има историска шанса за пласман ан Европското првенство во 2020. Година,
од причина што има реални шанси за таков успех.
Победниците од секоја група играат полуфинале и финале во
битката за пласман на европскиот турнир. Ќе има воедно и испаѓање од лига, како и
прогрес во посилна лига, во зависност од конечниот исход на натпреварите.
Фото-вест: 24фудбал (архива, Македонија – Шпанија)