Искра надеж за
шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, кој конечно би
можел да го има на располагање Пол Погба, тоа може да се случи уште утре вечер,
пред дерби пресметката со Арсенал претстојниов викенд во Премиерлигата.
Утре вечер на „Олд
Трафорд“ гостува Рочдејл во рамките на четвртата рунда натпревари во англискиот
Лига Куп, па според најавите од Островот се вели дека Погба би можел да се
врати на теренот по проблемите со повредите кои ги имаше.
Солшер вели дека
Французинот дефинитивно е подготвен за Арсенал, а би можел да се „загрее“ за
дербито токму утре вечер, откако претходно отсуствуваше и во текот на интернационалната
пауза.
„Тој веројатно е
дека ќе забележи некоја минутажа на мечот против Рочдејл, но, дефинитивно ќе
биде подготвен за Арсенал“ најави Солшер.
Манчестер
јунајтед е во проблеми во изминатиов период, а освен Погба од тимот
отсуствуваше и Марсијал, тоа на големо се почувствува во поразот кај Вест Хем
со 2-0 во последниот меч од Премиерлигата.