Килијан Мбапе е мета на Реал Мадрид, тоа е клубот за кој тој навивал од мал, желбата негова би требало да се реализира во иднина.
Мбапе е две години во ПСЖ и има уште три од актуелниот договор, спортскиот директор Леонардо не гарантира дека играчот ќе стави потпис на нов договор.
„Никогаш не давам ветувања, од две причини. Прво, јас не сум човек кој прави се во клубот, второ не сакам да давам ветувања без да знам дека со сигурност ќе се случат. Единствена работа која ме интересира е работите кои се денес“, вели Леонардо.
„Мбапе е тука, тој е многу значаен за клубот. На стартот на подготовките дојде во одлично расположение, со насмевка. Тој е харизматичен, луѓето го сакаат многу. Важно е да се има фудбалер како него во составот“.