467
Одлична вест за навивачите и управата на Реал Мадрид е враќањето на еден од најискусните во тимот.
Дани Карвахал се врати по тешката повреда и се приклучи на тренензите на „кралскиот“ клуб. Сепак, враќањето на Карвахал нема да биде баш набрзо бидејќи во октомври претрпе повреда на лигаментите и мораше да биде опериран.
Добри вести се секако неговите тренинзи кои ќе бидат под индивидуална програма и секако, нема да се брза за да се избегне ризик, особено поради неговите години.
Во најдобар случај Карвахал би можел да се врати безбедно навреме за Светското клупско првенство во јуни.