Добри вести за Наполи, Лукаку замина за Ријад – подготвен е за Суперкупот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Добри вести за Антонио Конте и навивачите на Наполи, Ромелу Лукаку повторно е во стројот по долгата пауза поради повреда.

Лукаку се повреди на 14 август на пријателски натпревар против Олимпијакос и оттогаш е во аут. Тој на тренинзите се врати во понеделникот и веќе е во комбинација за следните предизвици на Наполи.

Наполитанците отидоа во Ријад каде ќе се игра италијанскиот Суперкуп, таму е и Лукаку, тој е во комбинација за настап.

Наполи утре игра против Милан во полуфиналето, следниот ден играат Болоња и Интер во второто полуфинале.

Финалето е закажано за понеделник, 22 декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×