Добри вести за Ливерпул, ФА измени едно важно правило; Лоша вест е тоа што ќе нема фудбал до 30. април

by
1 минути читање

Фудбалските власти
во Англија денеска се сретнаа за да разговараат за продолжението од сезоната. По одлуката на
УЕФА да го помести ЕВРО 2020 за следната година, домашните првенства и купови
добија додатно време за сезоната да биде финиширана.

На состанок помеѓу ФА, Премиерлигата и ЕФЛ е договорено дека сезоната нема да биде
прекината/поништена и ќе го дочека својот крај, фудбал ќе се игра кога условите ќе го дозволат тоа
.

За таа цел, сменето е едно важно правило.
Според регулативата на ФА, сезоната мора да финишира не подоцна од 1. јули, па бордот на ФА го
промени правилникот, и одлучи дека ова нема да важи за сезоната 2019/20,
односно лимитот е поместен на неодредено време.

Па фудбал на
„островото ќе може да се игра и во јули и август месец, и ова е добра вест за
Ливерпул, клубот од Енфилд се наоѓа на чекор до титулата, но постоеше ризик да остане без
трофејот кој го чека 30 години поради коронавирусот.

Лоша вест е што
фудбалот во Англија нема да продолжи во брзо време, сите страни се договориле суспензијата
да остане на сила се до 30. април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×