Ливерпул по
подолг период ќе го има на располагање во својот состав Алисон Бекер, а
бразилскиот голман според најавите од Островот ќе биде целосно подготвен за дербито
на „Олд Трафорд“.
Алисон
отсуствуваше поради повреда од самиот почеток на новата сезона, со која се
здоби уште во првото коло, а 27 годишниот голман мина низ интензивен тренажен
циклус по една посебна програма минатата седмица, а оваа ќе има и дополнителен
чекор во однос на рехабилитационата програма.
Првата ѕвезда на
тимот, Мохамед Салах, кој се здоби со повреда на дуелот против Лестер пред
самата интернационална пауза, се очекува исто така да биде подготвен за настап
во недела.
Од другата страна
пак, кај Манчестер јунајтед постои оптимизам за враќање на тројца клучни
фудбалери во тимот, а станува збор за Пол Погба, Арон Ван-Бисака и Лук Шо,
најавите од Островот велат дека Ентони Марсијал исто така би можел да се најде
во составот на „Црвените ѓаволи“, меѓутоа постои неизвесност околу овие најави.
Сигурно дека
Солшер очајно посакува сите претходно наведени да бидат во комбинација за
настап откако тимот од „Олд Трафорд“ го забележа најслабиот старт во една
сезона по 30 години.
Манчестер
јунајтед по осум одиграни кола се наоѓа на 12. позиција на табелата, Ливерпул
засега има максимален ефект од осум победи, а со тоа е на првото место со дури
осум бода предност во однос на Манчестер Сити.