Првата ѕвезда на
Кариоките, Нејмар го пропушти завчерашниот тренинг на Бразил поради повреда со
која се здоби од ремито против Швајцарија во воведниот меч за таа селекција на
Светското првенство во Русија.
Вчерашниот
тренинг го заврши предвреме откако издржа само десетина минути на истиот, но
конечно, се решија дилемите околу тоа дали фудбалерот на ПСЖ ќе игра на пресметката
против Костарика.
Нејмар се врати
на тренинзите и се очекува да биде дел од селекцијата на Тите за мечот во петок
кој Кариоките мораат да го добијат ако не сакаат проблеми во групната фаза.
Денес Кариоката
тренирал сосема нормално како и останатите негови соиграчи, па според
информациите кои пристигнуваат, нема дилеми околу неговиот настап против
Костарика.