Македонија овој месец ја очекуваат два натпревари во кои ќе играме против Белгија на гости и Казахстан дома во квалификациите за Светското првенство.
Добра вест за селекторот Благоја Милевски пристигнува од Белгија и тимот на Сент Труден каде што настапува дефнзивецот Висар Муслиу. Имено, тој е избран за играч на месецот во својот тим од страна на навивачите.
Иако, неговиот тим забележа порази на трите средби одиграни месецов, Муслиу очигледно се издвојува од сивилото на тимот во овој период, па тоа го препознале и фановите.
На првенственаата табела тимот се наоѓа на шестата позиција со 14 бода по девет одиграни кола, Муслиу е стандарден и ги одигра комплетните 90 минути во сите натпревари од почетокот на сезоната.
Натпреварот со Белгија, Македонија го игра на 10 октомври во Гент, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Казахстан.