Добра вест за Манчестер јунајтед и останатите гиганти, Спортинг ќе го продава Гјокереш по намалена цена

by bojan
1 минути читање
Гјокереш

Како што пренесува А Бола, Спортинг и Виктор Гјокереш се договориле цената на напаѓачот да биде поставена на 70 милиони евра наместо на 100 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.

Виктор Гјокереш игра во одлична голгетерска форма во Спортинг, па напаѓачот е во бележникот на неколку гиганти ширум Европа како Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Често се говори дека Рубен Аморим инсистира на ангажман на напаѓачот, но проблем може да биде тоа што „ѓаволите“ следната сезона тешко ќе играат во Европа.

Доколку има простор за една ваква зделка, клубот од Олд Трафорд ќе треба да одвои околу 70 милиони евра.

Како што пренесува А Бола, Спортинг и Виктор Гјокереш седнале на состанок и ја одредиле оваа бројка како трансфер сума за летниот преоден рок.

Откупната клаузула на Виктор Гјокереш е поставена на 100 милиони евра, па ќе биде даден значителен попуст за Швеѓанецот да може полесно да ја промени средината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани