52
Италијанецот Едуардо Бове кој доби срцев удар при настап за Фиорентина пред 13 месеци, сега ќе може да се врати на терените.
Сепак, Серија А не дозволува играње со дефибрилатор и поради тоа тој ќе мора да направи трансфер во друга држава. Во ваква стуација пред неколку години се најде Кристијан Ериксен кој беше принуден да замине од Интер.
Во италијанските медиуми веќе се споменува и каде Бове би можел да продолжи. Како опција се истакнува Вотфорд кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип.