„Доаѓа зима” – легендата на Манчестер јунајтед преку „Игра на Тронови“ испрати предупредување до Пеп Гвардиола

by
2 минути читање

Избраниците на
Пеп Гвардиола го имаат најдобриот старт во историјата на Премиерлигата,
„Граѓаните“ собраа 28 бода од првите 10 кола, имаат пет бода предност на врвот
на табелата и гол разлика од +29.

Но Манчестер Сити
и во претходните две сезони одлично започнуваше, и потоа формата им паѓаше во
ноември, декември и јануари.

Многумина велат
дека причина за ова е зимата и лошите временски услови за игра, бидејќи има
неколку јужноамериканци во составот.

Па Гери Невил го
предупредува Пеп Гвардиола дека добрата форма мора да продолжи и во следните
месеци или во спротивно Манчестер Сити ризикува уште една сезона со неуспех.

„Во моментов
играат на неверојатно високо ниво
– вели Невил. „Само тие можат самите да си го загорчат животот. Ги
споменав зборовите робусност и истрајност
.

„Доаѓа зима, кога
ќе ги погледнам следните три месеците, се чини дека изреката дали можеш да
победиш на гостување кај Стоук и такви глупости е клише, но има нешто повеќе во
оваа анализа
.

„Доколку го
погледнете Манчестер Сити во последните две сезони, една под водство на Мануел
Пелегрини и една под водство на Пеп Гвардиола, и ги погледнете месеците
ноември, декември и јануари, тие веројатно ќе освоеја две титули во овие две
сезони доколку го задржеа шампионското ниво на игра во овие месеци
.

„Доколку и сега
имаат пад на формата во ноември, декември и јануари, одново ќе имаат проблеми.
Овие месеци се најтешки. Временските услови, повредите, згуснатиот распоред, Лигата
на шампионите, Божиќниот период… Па се поставува прашањето дали можат да ги
пребродат овие месеци?

Статистиката вели
дека Манчестер Сити во сезоните 2015/16 и 2016/17 во просек освојувал 2,3 бода
по натпревар во месеците август, септември и октомври, но оваа бројка паѓала на
1,6 односно 1,7 бода по натпревар во месеците ноември, декември и јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани