Доаѓа крајот на сапуницата со Икарди, поголем доказ од ова, нема! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иако многумина
најавата за трансфер на Икарди во редовите на ПСЖ во последниот ден од летниот
преоден рок ја видоа како еден вид на шпекулација, како и многуте изминатиов
период поврзани со аргентинскиот напаѓач, веројатно поголема потврда за такво
нешто, во моментов нема од видеото кое пристигна од француската престолнина.

Новинарските
екипи го „уловија“ доаѓањето на сопругата, а воедно и агент на Икарди, Ванда
Нара во Париз, поточно во клупските простории на ПСЖ, а нема дилеми
дека нејзината мисија таму е да ги финализира преговорите со францускиот првак
за трансферот на Аргентинецот и крај на сапуницата околу неговата иднина.

Во Италија претходно наведоа дека ПСЖ би го ангажирал Икарди како позајмен фудбалер, но со опција за целосен откуп на неговиот договор со Интер, а дали ќе се оствари тоа, останува да видиме во текот на денов.

Веројатно
најмногу на ова се радуваат навивачите на Интер, кои сигурно едвај чекаа ваков
исход на настаните по големите проблеми кои дојдоа во составот на „Нероаѕурите“
по конфронтацијата помеѓу самиот Икарди и клубот откако му беше одземена
капитентската лента.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

@PSG_inside
pic.twitter.com/m06PnHTLrW

Можно е и ова да ти се допаѓа

×