Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Ленарт Карл јавно си кажа дека сонува да направи трансфер во Реал Мадрид.
Ленарт Карл има само 17 години, во февруари ќе стане полнолетен. Тој штотуку влезе во првиот тим на Баерн Минхен и навистина импресионира со своите игри.
Иако голем дел од светот уште не го познава, тој веќе почна да се мести за трансфер во Реал Мадрид, нешто што за кое многу фанови на Баерн ќе му замерат.
„Баерн е многу голем клуб, ми се допаѓа што играм тука… но исто така имам уште еден сон, во некој период дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид“, вели Карл.
„Баерн е многу, многу голем клуб. Реал е мојот клуб од соништата, но нека остане меѓу нас (се насмеа среде интервју за Скај ДЕ). Се разбира, Баерн е нешто многу посебно, забавно е во овој клуб“.
Прогнозите се дека Ленарт Карл ќе биде голема фудбалска ѕвезда.