Дисциплинската комисија одлучи: Мурати „на ладење“ четири меча, казни од по еден месец за неколку тренери

by 24 фудбал
1 минути читање

На денешната седница  на Дисциплинската комисија при ФФМ изречени се казните за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови на клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Фудбалерот на Башкими, Реџеп Мурати за црвениот картон на натпреварот против Вардар му се изрекува забрана на настап на четири натпревари.

Имери Флурим тренер на ФК Башкими поради добиен црвен картон на дуелот против Вардар му се изрекува забрана за вршење на функција од 1 месец. Љатифи Сазан тренер на ФК Башкими поради добиен црвен картон на истиот натпревар доби забрана за вршење на функција од 1 месец.

На Муарем Муарем од ФК Работнички за исклучувањето на натпреварот од 19. коло во ПМФЛ против АП Брера изречена му е забрана за вршење на функција од еден месец. Идентична казна доби и тренерот на голманите на ФК Работнички, Матеј Миленков кој исто така беше исклучен на средбата во Струмица.

Фудбалерот на Работнички, Никола Пејовиќ за црвениот картон на четвртфиналниот натпревар во Купот на Македонија против Шкендија Арачиново нема право на настап на еден натпревар.

Лазе Гичев  фудбалер на ФК Слога 1934 Виница поради добиен црвен картон на натпревар од 16 коло Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Слога 1934 Виница-ФК Скопје доби забрана на настап на два натпревари.

На Ромео Кочоски од ФК Охрид Лихнидос исклучен на натпреварот од четвртфиналето на Куп на Македонија против ФК Вардар-ФК Охрид Лихнидос му се изрекува забрана за вршење на функција од 1 месец.

Давид Матески  фудбалер на ФК  Охрид Лихнидос исклучен на истиот натпревар од Купот на Македонија му се изрекува забрана за  настап на 1 натпревар.

Горан Томоски  фудбалер на ФК Беласица исклучен на натпревар од 16 коло против ФК Охрид Лихнидос му се изрекува забрана за настап од 1 натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×