Фудбалската федерација на Македонија ги соопшти казните кои ги изнесе Дисциплинската комисија за претходните кола.
Победа е казнета со четири натпревари забрана за домашни натпревари без публика, како и парична казна од 3.000 евра поради навредливите скандирања против Шкендија Арачиново, како и оштетувањето на стаклото од соблекувалната и загрозување на гостинските фудбалери.
Освен нив, казна добија и Вардар и Пелистер. Против вардарци се води дисциплинска постапка поради пиротехника на натпреварот против Силекс и за направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.
Против Пелистер е отворена постапка поради слаба организација на натпреварот против Вардар во која двете навивачки групи внесоа пиротехника на трибина.