Директорот на Шалке: Понекогаш и самиот Клоп не знае кого сака, па како може медиумите да знаат

by
1 минути читање

„Црвените“
минатото лето потпишаа со Џоел Матип од Шалке и се говори дека по крајот на
сезоната Јирген Клоп одново ќе пазарува од клубот од Гелзенкирхен.

Се шпекулира дека
на листата со желби на Германецот се дури тројца играчи, левиот бек Сеад
Колашинац и фудбалерите од средниот ред, Макс Мејер и Леон Гроецка.

Но спортскиот
директор на Шалке, Кристијан Хајдл се смее на ваквите стории.

„Прилично добро
познавам еден човек од Ливерпул
– вели Хајдл, кој долги години е добар пријател со Јирген Клоп, со кого
заедно соработуваше во Мајнц.

„Јирген и јас
имаме толку добар однос што тој секогаш ме известува за се, и овој пат јас не
знам ништо. Тоа значи дека и медиумите од Англија не знаат ништо
.

„Не знам кого
следат скаутите на Ливерпул. Дури и самиот Клоп понекогаш не знае што сака
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани