Директорот на РБ Лајпциг за трансферот на Дани Олмо во Барса: Како стојат работите денес…

by bojan
1 минути читање
Дани Олмо

Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Рувен Шредер очекува Дани Олмо по одморот да се приклучи на подготовките за новата сезона, и додава дека не се под притисок да го продадат.

Дани Олмо е трансфер цел на Барселона, и вчера се појавија информации кои велеа деака фудбалерот си подал рака со „каталонците“ за соработка до 2030 година.

Клубот од Камп Ноу испрати и втора понуда вредна околу 62 милиони евра (55+4+3 милиони), но РБ Лајпциг го одби и овој предлог.

Се верува дека „биковите“ инсистираат најголемиот дел од сумата да го добијат во период од неколку месеци, а не во период од неколку години.

Дека РБ Лајпциг нема лесно да се откаже од Дани Олмо потврди и спортскиот директор на клубот.

„Дани е од голема важност за нас, и како играч, и како човек. Не сме под притисок да го продадеме. Како што стојат работите денес, се надева дека Дани ќе ни се приклучи на подготовките по продолжениот одмор по настапот на Европското првенство“ – вели Рувен Шредер.

„Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани