716
Баерн Минхен вчера со 3-1 победи на гостувањето кај Аугсбург, но Баварците овој меч нема да го паметат по добро, се повреди еден од нивните клучни фудбалери, Мусиала.
Мусиала го даде првиот гол на мечот, но по девет минути игра во вториот дел мораше да излезе поради повреда на бутниот мускул.
Тој со сигурност ќе ги пропушти натпреварите со Интер од Лигата на шампионите.
„Повредата на Џамал Мусиала за жал не изгледа добро. Дали ќе го пропушти мечот со Интер? Да“, рече директорот Макс Еберл за „Билд“.