Директорот на А-репрезентацијата, Дени Масев е во притвор!

by riste
1 минути читање

Поранешниот македонски фудбалер, кој на двапати беше поставен за директор на фудбалската А селекција на Македонија, Дени Масев е во притвор, објавува „Слободен печат“.

Според информации на „Слободен печат“, Масев е приведен поради поврзаност со криминалната група на Реде Трајковски – Штекли кој претходно беше уаспен поради сомнение за трговија со дрога.

Поранешниот фудбалер на Беласица, Вардар, Работнички, Хоризонт Турново… кој беше и македонски репрезентативец, на двапати ја извршуваше функцијата директор на А-репрезентацијата.

На оваа функција беше именуван од претходното раководство од кое беше разрешен во октомври минатата година, а на почетокот на јануари на истата функција беше назначен и од новото раководство на ФФМ.

Неофицијално и од новото раководство веќе е разрешен од оваа функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани