Претседателот кажа дека Марсеј е жртва на корупција, па доби драконска казна!

by 24 фудбал
0 минути читање

Претседателот на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија доби драконска казна од страна на Францускиот фудбалски сојуз.

Причината за такво нешто е изјавата во која кажа дека неговиот тим е жртва на корупција во францускиот фудбал. Поради оваа изјава Лонгорија доби казна од 15 натпревари на кои нема да смее да биде присутен додека игра Марсеј.

Освен претседателот, казна доби и советникот Фабрицио Раванели, но на три натпревари.

Двајцата зборуваа минатата седмица по мечот со Марсеј (3-0), во кој сметаа дека се оштетени од судиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×