„Директоре сакам да останам“ – Донарума донел одлука, но Рајола го кочи новиот договор

by
1 минути читање

18 годишниот Џиџо Донарума во последно време често е во центарот на вниманието, преговорите за новиот договорот не одат според планот.

Суперталентираниот голман е обрзан кон Милан до 30. јуни 2018, па „Росонерите“ би можеле да останат без Италијанецот доколку не биде продолжена соработката.

Последните извештаи велат дека Џиџо Донарума сака да остане на Сан Сиро, но проблем се барањата на неговито агент Мино Рајола.

Газета дело Спорт пишува дека голманот на неодамнешниот состанок со Масимо Мирабели, на првиот човек задолжен за трансферите му порачал: „Директоре сакам да останам“.

Весникот додава дека Џиџо Донарума е блиску до потпис, но под одредени услови, односно во договорот ќе бидат вметнати неколку клаузули.

Според Кориере дела Сера, токму Мино Рајола и овие клаузули го кочат новиот договор.

Агентот сака клаузули со кои Џиџо Донарума ќе може да замине доколку проектот на новите сопственици од Кина не биде успешен.

Не само што бара откупна клаузула од 100 милиони евра, Мино Рајола бара и ветување и дека неговиот клиент ќе биде продаден доколку Милан не игра во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани