Директор на Ливерпул одговори на гласините за враќање на Кутињо: Зошто ни е? Имаме само еден пораз цела сезона

by
1 минути читање

Филипе Кутињо во јануари 2018 го напушти Ливерпул и се пресели во Барселона за 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси. Бразилецот не се снајде на Камп Ноу, па оваа сезона е испратен на позајмица во Баерн Минхен. Но ниту „баварците“ не сакаат во целост да го откупат неговиот договор, па се шпекулира дека агентите на играчот бараат нов клуб.

Како опција се споменува враќање на Енфилд, но генералниот извршен директор на „црвените“, Питер Мур ја затвори вратата.

„Кога Филипе Кутињо замина, настанаа големи промени, не само во структурата на тимот, туку и во начинот на кој играме фудбал. Не сакам да покажам непочитување кон него, но со новиот стил на игра имаме само еден пораз цела сезона. Исто така, парите кои ги добивме од неговата продажба беа инвестирани во нови засилувања, ни помогна да го купиме Алисон Бекер“ – вели Питер Мур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×