Дини му го „плесна“ на Венгер: Не се проблем судиите и пеналите, Арсенал нема муда!

by
1 минути читање

Клубот од Северен Лондон имаше предност по првиот дел со голот на Мертесакер и имаше шанса пред време да го реши победникот, но Озил промаши зицер.

Потоа Дини изедначи од пенал, а Клеверли во судиското надополнување го шокираше фаворитот.

По крајот на натпреварот, Арсен Венгер го обвини судијата за поразот и се пожали дека пеналот бил скандалозен.

На ова врати капитенот на Ватфорд, Трој Дини кој му порача на Арсен Венгер: „Слушнав дека веќе го обвинил судијата и пеналот за претрпениот пораз“.

„Не сум јас тој кој треба да му кажува на господинот Венгер работи за него, но не загубија поради пеналот“.

„Немаат „кохонес“ (муда), мислам дека тоа е правиот збор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани