Динамо Загреб: Вечерва имаме причини за славје, Адеми се врати со стил! (ФОТО)

by
1 минути читање

Само два дена откако му истече двегодишната суспензија
откако падна на допинг тест, Аријан Адеми доби прилика од селекторот Ангеловски
за настап против Лихтенштајн, доби овации од трибините на стадионот „Младост“
во Струмица, а возврати со феноменален гол, истиот го прослави со солзи во
очите.

Динамо Загреб се покажа како голем клуб во случајот со
македонскиот фудбалер, познато е дека клубот целосно застана зад него во
најтешкиот период, како од финансиски аспект, така и од сите сегменти, за
издвојување е тоа што платата на нашиот репрезентативец остана иста, што е гест
за почит секако.

Вечерва Динамо Загреб јавно му честиташе на својот
фудбалер.

Вечерва имаме причини за славје – Аријан Адеми се врати
со стил! Во победата на Македонија над Лихтенштајн постигна погодок за конечни
4-0. Брави Ари! Се радуваме на твоето враќање во дресот на Динамо!
“ напишаа од
хрватскиот клуб на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×