458
Актуелниот хрватски шампион, Динамо Загреб ова зимо сака да направи крупни промени во тимот кои почнаа со ангажман на нов тренер, Фабио Канаваро.
Сега се шпекулира дека тие се интересираат за напаѓачот на Борусија Дортмунд кој во моментов е на позајмица во Леганес, 30-годишниот Себастијан Але.
Але покрај за Борусија Дортмунд, играше и за Ајнтрахт Франкфурт, Вест Хем, Ајакс, Утрехт и Оксер. Во 2019 година Вест Хем за него плати дури 50 милиони евра.
Себастијан Але пред неколку години беше во центарот на вниманието поради борба со рак на тестисите која ја доби и му се врати на фудбалот.