219
Силното невреме што го погоди Сплит предизвика сериозни оштетувања на стадионот „Пољуд“, а веднаш по објавените снимки и апелот за помош, стигна реакција од неочекувана адреса – вечниот ривал Динамо Загреб.
Од „Максимир“ порачаа дека се подготвени да помогнат во санацијата на штетите, откако претседателот на Хајдук, Иван Билиќ, најави дека клубот ќе побара поддршка од сите кои можат да помогнат.
„Жал ни е за штетата од невремето. Оштетен е домот на Хајдук, потопен е тревникот. Динамо е подготвен да помогне на големиот ривал“, стои во соопштението на загрепчани.
Фер-плејот и солидарноста добија голем плус, иако ривалството меѓу Хајдук и Динамо важи за едно од најжестоките на Балканот.