Динамо и Канаваро подготвуваат трансфер „бомба“ во јануари

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб го промовираше Фабио Канаваро на местото на Ненад Бјелица по турбулентната полусезона во хрватското првенство. Италијанската легенда која во 2006 година беше светски првак доаѓа на „Максимир“ по авантурата во Удинезе во Серија А.

Според најавите од Хрватска, Канаваро веднаш бара трансфер „бомба“ од управата уште во јануари. Станува збор за искусниот Себастијан Але. 30-годишникот кој ова лето беше позајмен во Леганес не игра редовно, забележа девет настапи за шпанскиот прволигаш и нема учинок.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој го победи ракот е желба на Динамо за зимскиот преоден рок. Тие треба да преговараат со Борусија Дортмунд каде што не би имале против продажба, но треба согласност и од Леванте кој го „поседува“ Але до следното лето. 

Во својата кариера Але настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт, Вест Хем, Ајакс, Утрехт и Оксер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани