389
Динамо Загреб го промовира Вилфред Канга за ново засилување во нападот.
Се работи за фудбалер кој за два милиони евра доаѓа од Херта Берлин, потпиша повеќегодишен договор, а во него има интересна клаузула. Основната плата на Канга ќе биде околу 700.000 евра, но со можност за достигнување на бонуси.
Канга освен стандардните бонуси за тимски успеси (титули во домашниот фудбал и пласман во Европа), ќе има и опција за индивидуални.
Според договорот, Вилфред Канга ќе заработува по 3.000 евра за секој постигнат погодоко, како и по 1.500 за секоја асистенција.