Димитриевски во проблем: Леванте не се договори со Валенсија, сега има само уште една опција

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски е во потрага по нов ангажман во кариерата бидејќи Валенсија не смета на него, но време нема уште многу бидејќи преодниот рок завршува со крајот на овој месец.

Во изминатиот период Дмитриевски се поврзуваше со Леванте и шпанските медиуми пренесуваа дека веќе ги договорил личните услови, меѓутоа на крајот градските ривалите не се договорија околу отштетата.

Наводно, Валенсија не била задоволна од понудата која ја испратиле од Леванте за позајмица на Македонецот, но побарале и клубот од „Местаља“ да покрива дел од платата на македонскот чувар на мрежата и тоа за нив било неприфатливо.

Исто така од комбинација отпадна и Елче кој се споменуваше како опција за Димитриевски бидејќи овој клуб веќе пронајде нов голман. Како единствена најреална опција во овој момент останува Селта Виго која покажа интерес пред оддредено време, меѓутоа не е јасно дали тие ќе успеат да се договорат со Валенсија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×